
САД и Иран веројатно следната недела ќе ги продолжат преговорите за прекин на конфликтот, а нова средба би можела да се одржи во Пакистан, дознава денеска Скај Њуз, повикувајќи се на извори, пренесува МИА.
Според извештаите, нова рунда разговори ќе се одржи во Исламабад, по претходната средба одржана во пакистанскиот главен град минатата недела.
Слични информации објави и „Волстрит Џурнал“, во кои се наведува дека Вашингтон и Техеран постигнале принципиелен договор за продолжување на преговорите, но дека точниот датум и место сè уште не се утврдени.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно за „Њујоркл Пост“ телефонски изјави дека „нешто би можело да се случи во следните два дена“, одговарајќи на прашање за можни нови разговори со Иран.
Во конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, што започна на 28 февруари, откако пропаднаа преговорите за иранската нуклеарна програма, на 8 април беше постигнат договор за двонеделен прекин на огнот, што му овозможи на Пакистан да посредува во разговорите во Исламабад.
На 11 април во Исламабад се одржаа разговори меѓу американската делегација, предводена од американскиот потпретседател, Џеј Д. Венс, и иранската делегација, предводена од претседателот на иранскиот Парламент, Мохамед Багер Калибаф, но не беше постигнат договор за траен мир.

Македонски


