
Американското Министерство за финансии издаде ново продолжување на лиценцата за рускиот нафтен гигант „Лукоил“, овозможувајќи му на менаџментот да ги продолжи преговорите за продажба на својот меѓународен имот до 28 февруари 2026 година.
Оваа одлука на Канцеларијата за контрола на странски имот (OFAC) доаѓа откако претходниот рок (17 јануари) беше оценет како недоволен за финализирање на комплексните трансакции. „ЛУКОИЛ“ е под силен притисок на санкциите воведени од администрацијата на Доналд Трамп, кои имаат за цел да ги пресечат приходите на Москва.
Продолжувањето овозможува склучување на договори со заинтересирани купувачи кои не се под санкции, но секоја финална трансакција мора да добие експлицитно одобрување од Вашингтон, наведуваат аналитичарите.
Вредноста на меѓународниот имот на компанијата, кој вклучува рафинерии во Бугарија и Романија, како и мрежи на бензински станици низ Европа (вклучително и Македонија), се проценува на над 22 милијарди долари.

Македонски





