Skip to main content
Сателитски снимки покажуваат

САД ги засолнува носачите на авиони на повеќе од 1.000 километри од иранскиот брег

Кинески сателитски снимки покажуваат дека американскиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ се оддалечил од брегот на Иран и сега е стациониран во близина на Салала во Оман, засолнет зад крајбрежниот планински венец. Со новата позиција, носачот сега е оддалечен повеќе од 1.100 километри од Иран, откако претходно беше забележан на околу 350 километри од иранскиот брег.

Другиот американски носач на авиони, „УСС Џералд Р. Форд“ исто така се препозиционирал, движејќи се подалеку на југ во Црвеното Море и стационирајќи се во близина на брегот на Џеда, Саудиска Арабија.

Ова прераспоредување може да се должи на тоа што САД и Израел погрешно ја процениле способноста на Иран да ја прошири својата област и да делува и надвор од Персискиот Залив. Ваквото прераспоредување на американските носачи, би можело дополнително да го одложи евентуалниот обид на САД да извршат амфибиска операција за заземање на ирански острови во Персискиот Залив.

Поврзани вести