
САД сакаат да ги уништат ракетните капацитети и беспилотните летала на Иран пред да се исцрпат американските и израелските залихи на ракети за воздушна одбрана, пишува „Волстрит џурнал“.
Според изданието, повеќекратните конфликти со Иран и сродните групи нагло ги намалиле средствата за воздушна одбрана на САД на Блискиот Исток.
Проблемот не се однесува само на ракетите за воздушна одбрана, туку и на други прецизни ракети, вклучувајќи ги и крстосувачките ракети Томахавк.

Весникот пиува дека стапката на потрошувачка на оружје во интензивниот конфликт ги надминува можностите на индустриското производство.
Еден од проблемите е што овие ресурси се трошат многу брзо. Ги користиме побрзо отколку што можеме да ги обновиме“, вели Кели Гриеко, виш соработник во Центарот Стимсон.

Македонски


