Skip to main content

Руски попладневен ракетен напад на Дњепар, загинаа три лица

Во руски ракетен напад врз Дњепар загинаа четири лица, а 22 се ранети, објави денеска на „Телеграм“ гувернерот на таа украинска област, Владислав Гајваненко.

Претходно беше објавено дека загинале три лица, а 15 се ранети.

Во нападот денеска претпладне се оштетени бензинска пумпа и неколку претпријатија, соопшти Службата за вонредни состојби (ДСНС). На објавените фотографии се гледа и училишен автобус со скршени прозорци.