
Русија изврши серија напади со дронови врз Украина во текот на ноќта. Украинските власти соопштија дека нападите со борбени беспилотни летала имало во близина на Днепар и Харков.
Покрај дронови, забалежани се и руски борбени авиони, објави новинската агенција Укринформ.
Градот Запорожје и неговата околина биле нападнати со наведувани бомби. Засега нема за евентуални жртви и за обемот на предизвиканата штета.
Од друга страна, и Украина ноќеска лансирала беспилотни летала кон Русија. Аеродромите во Калуга, Волгоград и Саратов привремено ги прекинаа летовите без да наведат никакви конкретни причини.