
Руската војска со дрон целеше град, погодувајќи породилиште, објави началникот на областа Запорожје, Иван Федоров.
„Русите нападнаа родилиште во Запорожје. Две лица веќе се повредени“, напиша Федоров на „Телеграм“.
Тој подоцна објави дека бројот на повредени се искачил на шест.
„Бројот веќе се искачи на шест лица. На сите им е пружена потребната помош. Меѓу повредените има жени кои биле на преглед во времето на нападот“, напиша секретарката на градскиот совет на Запорожје, Регина Харченко, на „Телеграм“.

Македонски



