Skip to main content

Русите ќе наплатуваат школарина на децата на мигранти

Freepik

Пратениците во руската Државна дума предложија образованието на децата на мигранти во руските училишта да се наплаќа и бројот на бесплатни обиди за полагање на испит по руски јазик да се намали на три, објави рускиот сајт Инфо24.

Соодветниот предлог-закон денеска треба да биде доставен до Државната дума, изјави Јарослав Нилов, еден од авторите на иницијативата, претседател на Комитетот за труд и социјална политика.

Според руските медиуми, предлог-законот го подготвија претставници од различни фракцииа меѓу авторите се и лидерот на СРЗП, Сергеј Миронов и пратеничките Јана Лантратова и Нина Останјина.

Тие се залагаат децата мигранти од 1 до 11 одделение да посетуваат настава со плаќање школарина, а Нилов рече дека е време властите во Русија да престанат да бидат „премногу љубезни и услужливи“.

-Мораме да заземеме поцврст став, пред сè во интерес на нашите граѓани и нашите деца, кои, поради големиот број ученици кои не го познаваат добро рускиот јазик, подоцна не можат да го положат Единствениот државен испит и Основниот државен испит, нагласи водителот на телевизискиот канал.

Покрај тоа, авторите на предлог законот побараа намалување на бројот на бесплатни обиди за полагање на испитот по руски јазик.

Според Нилов, тоа ќе биде и финансиски плус за државниот буџет, бидејќи ќе се намалат трошоците за организирање испити и проверка на резултатите.

Поврзани вести