Skip to main content

Рубио ќе ја презентира стратегијата за војна со Иран на состанокот на Г7

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе отпатува во Франција оваа недела за да се обиде да ги убеди сојузниците на Г7 во исправноста на воената стратегија против Иран.

Рубио ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 во близина на Париз в петок „за да ги унапреди клучните интереси на САД“ и да разговара за заедничките безбедносни проблеми и можностите за соработка“, соопшти министерството.

„Областите на фокус ќе вклучуваат војната меѓу Русија и Украина, ситуацијата на Блискиот Исток и заканите за мирот и стабилноста низ целиот свет“, се вели во соопштението.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера изјави дека претставници на САД и Иран разговарале, но официјален Иран го негираше тоа.

Речиси сите други земји од Г7, Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, реагираа ладнокрвно на воената операција на САД и Израел против Иран и одбија да учествуваат во неа. 

Поврзани вести