
Ситуацијата во Сеута, шпанската есклава во Африка, со илјадниците мигранти кои талкаат низ градот, е далеку од нормалноста што постоеше пред приливот на 30 јули, пишува шпанскиот весник „АБЦ“. Весникот ја пренесува загриѓеноста на Сем, млада мајка од Сеута, која вели дека од страв за нејзините деца го напушта градот.
Не сакаме нашите млади луѓе и деца да бидат тука. Луѓето се плашат да одат по улиците. Затоа, купив билети за да си заминеме“, вели таа.
Младата мајка избрала, таа и нејзиното семејство да одат во Фуенхирола (Малага), во куќата на пријател, за да ги поминат првите неколку часа подалеку од целиот хаос што настана со пристигнувањето на десетици илјади луѓе од Мароко. Таа морала да се врати во Сеута, затоа што, како што вели, тие немаат „дом на друго место како други луѓе“, но го испратила својот син „заедно со други пријатели од тука“ во куќата на роднина во Елче (Аликанте).

Нејзиниот случај не е изолиран. Како и Сем, многу семејства ги преселиле своите деца на шпанското копно поради несигурноста. На пример, Фатима ги ставила своите две најмлади ќерки, на возраст од 9 и 11 години, на ферибот за Алгесирас (Кадис) „отакко два дена седеле заклучени дома, со сè што тоа подразбира“. Во нејзиниот случај, семеен пријател кој живее во Сан Фернандо, исто така во Кадис, се грижел за девојчињата, земајќи ги од пристаништето и организирајќи импровизиран „домашен летен камп“ за нив со децата на згрижувачката двојка.
Барем таму можат да бидат надвор, можат да дишат свеж воздух и не се плашиме дека нешто ќе им се случи. Во Сеута, децата се затворени“, вели таа.
Маријам, мајка на три деца на возраст меѓу 8 и 17 години, го повторува ова мислење. Таа побарала помош од својата сестра, која живее во Севиља, да се грижи за нејзините три деца во текот на овој период.
Не сакам моите деца да мора да живеат заклучени или да се плашат“, вели Маријам.
Ситуацијата ги нарушила и плановите на Мамту, родена во Сеута која живее на Канарските Острови, која требала да патува со своето семејство во својот роден град, како што прави секоја година. На крајот ги променила своите планови да остане во Естепона (Малага) во куќата на своја сестра, а по една недела конечно отпатувала во Сеута со својата 18-годишна ќерка. Таа за „АБЦ“ објаснува дека, и покрај тоа што е полнолетна, на нејзината ќерка не ѝ е дозволено да „излегува сама навечер“.
Растојанието е кратко, до центарот на градот има 15 или 20 минути пешачење, но не бев сигурна како ќе се врати дома“, вели таа.
Во разговорот со весникот, Мамту го раскажува и случајот на нејзиниот внук, татко на две мали деца. Тие одлучиле да „спакуваат и да одат во Торемолинос“, каде што имаат втора куќа. Тие ќе останат во градот сè додека им дозволуваат професионалните обврски, доколку ситуацијата во нивниот град не се промени.
Двете најмлади внуки на Рафаел пристигнале со нивната мајка кратко по 17:30 часот истиот четврток кога се случи инвазијата.
Ситуацијата беше ужасна. Кога мојата ќерка виде што се случува, одлучи дека тоа не е живот за две деца“, раскажува тој, осврнувајќи се на областа Гран Виа каде што живее.
Во тој момент, тие одлучиле да ги вратат внуките во Андалузија.
Според нив, „не е дека луѓето што пристигнале се по природа опасни, туку се движат како тоолпа и како што минуваат деновите, сè се менува“.
Од почетокот на кризата, со масовниот наплив на илјадници луѓе, пријавени се голем број кривични инциденти во кои се вклучени напаѓачите. Судот во Сеута истражува најмалку шест жалби за сексуален напад врз жени од имигрантите, вклучувајќи малолетници, а медицинските служби лекувале четири девојчиња за сексуална злоупотреба, додека властите активираа протоколи за итни случаи.
Друга жена пријавила дека, во раните утрински часови, маж влегол во нејзиниот дом и ја разбудил влегувајќи во нејзиниот кревет. Исто така, имало пријави за провали и грабежи, како во приватни домови така и на улиците, како и во бизниси во центарот на градот и околните населби.
Во такви услови, напуштањето на родниот град е решението што многу семејства го пронаоѓаат за мирњн сон навечер. Сепак, поради недостаток на ресурси или некој кај кого да ги остават децата, тоа решение не е можно во секој случај. Сем, во нејзиниот разговор за „АБЦ“, зборува за своите млади внуци, кои остануваат во Сеута со своите родители, обидувајќи се да се справат со ситуација далеку од нормалноста што ја прикажува владата.
Оваа жителка на Сеута раскажува дека „нејзините млади внуци имаат кошмари и не спијат добро“. Жената, исто така, додава дека „децата се држат до своите родители кога ги гледаат улиците“ – алудирајќи на големите групи имигранти кои обично се движат во населбите и во центарот на градот. Не се само децата погодени. Многу возрасни исто така морале да одат на лекар и да земаат лекови, објаснуваат тие, поради „паниката“ што им ја предизвикува новата реалност.

Македонски


