Skip to main content

Уапсениот виш јавен обвинител се сомничи за мито

МВР

Јавното обвинителство вечрва потврди дека се вршат претреси во домот и на работното место на виш обвинител поради сомнение за примено мито.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција обезбеди судски наредби за претрес на дом и службени простории на виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик. Претресите врз основа на обезбедените наредби ги вршат припадници на Министерството за внатрешни работи, соопшти ЈО.

Од таму додаваат дека повеќе детали за случајот ќе има по завршување на дејствијата, во текот на утрешниот ден.

Од Министерството за внатрешни работи во координација претходно соопштија дека заедно со ОЈО ГОКК во моментов вршат претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела. 

Дел од медиумите објавија дека, неофицијално претресот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски. „Сител“ од свои извори, пак, дознава и дека обвинителот е лишен од слобода.

Поврзани вести