Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК изврши претрес во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела, информираат од Министерството за внатрешни работи.  Дел од медиумите објавија дека, неофицијално претресот се поврзува со постапување околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.