Skip to main content

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Фото: Freepik

Францускиот производител на автомобили „Рено“ ќе биде присутен во Украина за да произведува дронови и за украинската и за француската армија, објави денеска „Франс Инфо“.

Францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорну, во петокот објави „партнерство во кое голема француска автомобилска компанија ќе ги здружи силите со француски мали и средни претпријатија од областа на одбраната за опремување на производствени линии во Украина за производство на дронови“.

Според радио „Франс Инфо“, кое не даде детали за своите извори, производствените линии ќе бидат лоцирани „неколку десетици или стотици километри од фронтот“.

Тие дронови, чиј модел не е прецизиран, првенствено ќе и служат на украинската војска, „но ние ќе ги споделиме и со француските сили за да обезбедиме континуирана тактичка и оперативна обука што ја одразува реалноста“ на конфликтот во Украина, рече Лекорну.

Поврзани вести