Skip to main content

Раселените во Газа се борат со поплави

mohammed-ibrahim-on-unsplash
mohammed-ibrahim-on-unsplash

Во Појасот Газа, разурнат од војна, веќе очајната ситуација за многу жители се влоши по деновите на силен дожд, јави ДПА.

Очевидци и локални извештаи велат дека шаторските кампови во кои се засолнети раселените лица биле поплавени. Се очекува невремето, кое почна во вторникот, да продолжи до утре.

Стотици илјади Палестинци ги изгубија своите домови во повеќе од две години војна меѓу израелската војска и Хамас и живеат во импровизирани засолништа.

Од 10 октомври во сила е прекин на огнот, но спорадични инциденти продолжија да предизвикуваат жртви во Газа.

Силните дождови сега донесоа ново ниво на тешкотии, при што клиника во Газа соопшти дека бебе починало од хипотермија. 

Поврзани вести