
Рускиот претседател Владимир Путин предложи Русија и Украина да одржат директни преговори, без предуслови, на 15 мај во Истанбул.
Предлагаме властите во Киев да ги продолжат преговорите што ги прекинаа на крајот од 2022 година, да продолжат со директните преговори, без никакви предуслови. Предлагаме без одложување тие да започнат во четврток, 15 мај, во Истанбул, каде што претходно се одржаа и каде што беа прекинати, рече синоќа Путин на прес-конференција.
Како што посочи, тој лично ќе се обрати до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, да ги организира преговорите.