Skip to main content

Протести: Илјадници луѓе се противат на планот на Нетанјаху за Газа

mohammed-ibrahim-on-unsplash
Mohammed Ibrahim on Unsplash

Илјадници граѓани излегоа синоќа на улиците на Тел Авив, испраќајќи силна порака до властите, да се стави крај на војната во Газа. Протестите се одржаа само два дена по одлуката на израелската влада да го заземе градот Газа, што предизвика бран реакции дома и во светот.

Демонстрантите носеа транспаренти и фотографии од заложници кои, според нив, сè уште се наоѓаат во рацете на палестинските милитанти, барајќи нивно итно ослободување.

Одлуката на израелскиот кабинет за безбедност да преземе контрола врз градот Газа се гледа како чекор кон понатамошно проширување на воената офанзива. Планот веќе предизвика остри критики од дел од израелската јавност и од меѓународната заедница.

Пред само три дена, во интервју за Фокс њуз, премиерот Бенјамин Нетанјаху потврди дека Израел планира целосно да го заземе Појасот Газа, нагласувајќи: „Планираме тоа да го направиме“.

Поврзани вести