Skip to main content

Претседателот на израелските производители: Предлогот на ЕК е сериозен и непропорционален чекор за израелската индустрија

Претседателот на Здружението на израелски производители, Рон Томер предупреди дека предлогот на Европската комисија за ограничување на договорите за слободна трговија за израелските артикли поради војната против Хамас во Појасот Газа е „сериозен и непропорционален чекор“ за израелската индустрија, која се бори да работи со полн капацитет и покрај последиците од војната.

Ова е политичка одлука прикриена како морална, која ги поткопува темелите на економската соработка помеѓу Израел и Европа, наведе Томер.

Тој ја повика израелската Влада да дејствува против државите што го поддржуваат тероризмот и да ги зајакне економските врски со другите земји во светот, нагласувајќи дека израелскиот извоз страда поради војната.

Доколку Европската Унија одлучи да воведе економски санкции, ќе си наштети самата на себе, предупреди Томер, повторувајќи го ставот на шефот на израелската дипломатија Гидеон Сар. 

Поврзани вести