
Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска изјави дека тој претставува горда нација која тежи кон одржување на глобалниот поредок и му порача на американскиот претседател Доналд Трамп дека таа земја „не е некое парче мраз“.
Ние не сме некое парче мраз. Ние сме горда популација од 57.000 луѓе кои секој ден работат како примерни граѓани на светот со целосно почитување кон сите наши сојузници – рече Нилсен по повод изјавата на Трамп дека кога мисли на Гренланд – мисли како на „големо, лошо управувано парче мраз“.
Нилсен истакна дека за Гренланд е важно да се зачува одбранбениот сојуз како светска заедница каде што се почитува меѓународното право.
Тие нешта сега се доведуваат во прашање и мислам дека сите сојузници би требало да се обединат за да се обидат да ги одржат. Се надевам дека тоа ќе се случи – додаде премиерот на Гренланд.

Македонски


