Skip to main content

Прав морски џин: Најновиот американски носач на авиони исплови за своите први вежби

bruce-emmerling-from-pixabay

Најновиот американски носач на авиони „УСС Џон Ф. Кенеди“ (CVN 79) го напушти бродоградилиштето „Њупорт Њуз“ во Њупорт Њуз (Вирџинија) и исплови за своите први вежби.

„CVN-79“ е вториот во серијата од десет бродови од класата „Џералд Р. Форд“. Новите носачи на авиони на нуклеарен погон треба да ги заменат бродовите од класата „Нимиц“ во американската морнарица, кои се во употреба од 1975 година.

Овој морски џин е долг 337 метри, има ширина на палубата за летање од 78 метри и депласман од околу 100.000 тони. Способен е да носи повеќе од 80 авиони и хеликоптери. Неговиот планиран работен век е 50 години.

Поврзани вести