Специјалните пратеници на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и на претседателот во заминување Џо Бајден за Блискиот Исток, Стив Виткоф и Брет Мекгурк денеска во Доха разговараа за развојот на ситуацијата во напорите за постигнување примирје во Појасот Газа со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани.
Ал Тани денеска примил и делегација од палестинското исламистичко движење Хамас за да разговараат за преговорите за прекин на огнот во Газа, соопшти и кабинетот на емирот.
Средбите, според западни емдиуми се одржани поради надежите дека е блиску постигнување договор за примирје.