Skip to main content

Портретите на Асад ќе исчезнат од сириските пари: Претставени новите банкноти на Сирија

Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара мсоопшти дека земјата ќе печати нови банкноти на кои ќе бидат исфрлени ликовите од поранешниот лидер Башар ал-Асад и неговото семејство. Претходно, портретот на Башар ал-Асад беше прикажан на банкнотата од 2.000 сириски фунти, а неговиот татко, Хафез ал-Асад, на банкнотата од 1.000 фунти.

На новите сириски банкноти ќе има слики од дамаски рози, памук, пченица, маслинки, портокали и други земјоделски култури, објави агенцијата „Сана“.

Сириските власти ги избраа најнеутралните симболи на својата земја за да избегнат навреда кон некого, особено во контекст на експлозивната ситуација во земјата.

Сирија во минатото беше позната по своите земјоделски производи, иако таквите симболи се изгубија во долгите години на граѓанска војна.

Уште во август, сириските власти објавија итна потреба од повлекување на парите со портретот на Асад од оптек. Покрај тоа, стануваше неопходна и апоенската вредност.

Дизајнот и формата на банкнотите не се случајно познати, а сличноста со старите е доста забележлива.

Банкнотите ќе ги печати руската компанија „Гознак“.

Поврзани вести