Skip to main content

Порошенко обвинет за предавство, продавал јаглен на териториите под руска контрола

- facebook Петро Порошенко
- facebook Петро Порошенко

Поранешниот украински претседател, Петро Порошенко официјално е обвинет за предавство, а како што пишуваат пишуваат украински медиуми, материјалите за неговото обвинение веќе се префрлени на суд.

Политичарот е обвинет во случај за предавство за „случајот јаглен“.

Тоа се настани што се случија кога Порошенко беше шеф на државата. Потоа тој, Медведчук и руското раководство воспоставија шема за снабдување со јаглен од привремено окупираните територии. Вкупниот износ на трансакции достигна 1,5 милијарди гривни“, за медиумите коментира експертот Петро Олешчук.

Според него, тоа го направило украинскиот енергетски сектор зависен од Русија и предизвикало сериозна штета на економската безбедност на Украина.

За ваквите постапки Порошенко може да добие 15 години затвор со конфискација на имот. Затоа ќе се обиде да ја дестабилизира државата за да не биде уапсен за предавство. Да, пред некој ден Порошенко и неговата партија се изјаснија против продолжување на вонредната состојба“, вели Олешчук.

Поврзани вести