Skip to main content
dS1lh6WwnAY
Поради големите загуби во украинските сили, дезертерствата и корупциските скандали

Поранешниот претседател на Воениот комитет на НАТО: Постои опасност Украина да се распадне

X/ZelenskyyUa

Поранешниот претседател на Воениот комитет на НАТО и поранешен генерален инспектор на Бундесверот, Харалд Кујат, предупреди дека постои ризик од распад на Украина поради големите загуби во украинските вооружени сили, дезертерствата и корупциските скандали.

Во интервју за швајцарскиот весник „Велтвоехе“, Кујат изјави дека украинските загуби на фронтот се исклучително големи.

Бројот на дезертери е исклучително висок. Поддршката (за Володимир Зеленски) од населението, особено поради неодамнешните настани поврзани со овие корупциски скандали… практично не постои. Ова значи дека постои ризик Украина да се распадне“, изјави Кујат .

Поврзани вести