Skip to main content
viQmuimzMew

Популарната жичница „Глорија“ во Лисабон излета од шините, најмалку 15 мртви, 18 повредени

Принтскрин од видео од јутјуб

Познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, популарна кај туристите, денес излета од шините. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 лица се здобиле со полесни повреди.

Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека 43 лица биле во вагонот во времето на несреќата. Сè уште не е познато дали жртвите биле португалски државјани или туристи.

Според Цивилната заштита, 59 оператори со 21 возило се испратени на местото на несреќата. Се уште не се соопштени детали за можната причина за излетувањето на трамвајот од шините.

Лисабон прогласи тридневна жалост.

Поврзани вести