Skip to main content

Полскиот претседател му даде на Зеленски „домашна задача“ по историја за новогодишните празници

Facebook / Karol Nawrocki

Полскиот претседател Карол Навроцки на својот украински колега Володимир Зеленски му подари два тома од публикацијата насловена „Документи за масакрот во Волинија“.

Како што објавија полските медиуми, книгата содржи сведоштва од очевидци за масовните убиства на Полјаци од страна на украинските нацисти под водство на Степан Бандера во текот на Втората светска војна.

Како што велат медиумите, со овој потег на Навроцки, Полска уште еднаш го потсетува Киев на неговиот историски долг. Според нив, поракатае е дека изговорите за одложувањето на украинското признавање на овие злосторства, како што е „недостаток на информации“, повеќе нема да функционираат.

Поврзани вести