Skip to main content

Поголем трошок за Македонија: Првиот човек на НАТО најави дека одвојувањата за одбрана ќе бидат значително над два отсто

 Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека идните квоти за трошоците за одбраната на членките на Алијансата ќе бидат значително над два отсто од бруто домашниот производ (БДП), објавија денеска германските медиуми.

„Велт“ го пренесува неговото став дека одлука за тоа ќе биде донесена во наредните месеци.

Руте рече дека партнерите од НАТО во следните месеци ќе одлучат за конкретните детали на ова прашање, имајќи го предвид, пред се, одржувањето на следниот самит на Алијансата во јуни во Хаг.

Според германскиот весник, дипломатите очекуваат дека на самитот ќе има силно противење за издвојување од три до 3,5 отсто од БДП за одбраната, поради што Руте повика на поголема солидарност меѓу членките на НАТО.

-НАТО мора да биде единствен како сојуз. Меѓутоа, товарот мора да биде подеднакво поделен меѓу Европа, Канада и САД, за Американците да не плаќаат премногу, а ние премалку, рече тој.

Во исто време, Руте ја повика Германија да ги зголеми трошоците за одбрана, како и производството на оружје, нагласувајќи дека земјата треба да направи повеќе, иако има направено значителен придонес од почетокот на војната во Украина.

Тој за германскиот весник се осврна и на воената поддршка на Берлин за Киев, која е од клучно значење, како и неодамнешното отворање на германска воена база во Литванија за заштита на балтичкиот регион од Русија.

-Со оглед на големината на германската економија, сакаме таа да направи уште повеќе, рече Руте, додавајќи дека НАТО мора да се подготви за војна

Поврзани вести