
Иако семејството не ја објави причината за смртта Марк Брновиќ најверојатно починал во сон најверојатно од срцев удар.
„Најпознат како 26-тиот државен обвинител на Аризона, државен и федерален обвинител и бранител на правдата, тој засекогаш ќе биде запаметен и сакан од нас како драг сопруг, татко, син и брат!“, се вели во соопштението потпишано од семејството Брновиќ.
„Скршени сме од оваа загуба и длабоко трогнати од изливот на љубов и поддршка од толку многу прекрасни луѓе низ целата држава и земја!“, се вели во соопштението.
Марк Брновиќ беше номиниран од американскиот претседател Доналд Трамп за амбасадор на САД во Србија минатото лето, но Белата куќа подоцна ја повлече номинацијата.

Македонски




