Skip to main content

Петер Сијарто во Бања Лука: Унгарскиот министер добива почесен докторат

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сијарто денеска треба да пристигне во Бања Лука, каде што на тамошниот Универзитет ќе му биде врачен почесен докторат, најавија од Универзитетот.

Универзитетот во Бања Лука им доделува почесни докторати на истакнати личности од земјата и странство за исклучителен придонес во различни области, а досега се доделени 14 вакви престижни признанија.

Посетата на Сијарто се случува и покрај тоа што министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, предизвика меѓународен скандал откако одби да даде согласност шефот на унгарската дипломатија да слета на Аеродромот во Бања Лука со воен авион на Унгарија.

Хелез признал дека тоа го направил бидејќи Сијарто и унгарскиот премиер Виктор Орбан со години имаат добри односи со српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, пренесе РТРС.

Реагирајќи на потегот на Хелез, Додик порача дека „наместо на европскиот, со своите неприфатливи политики и скандали, БиХ ја водат на пат кон никаде“.

Поврзани вести