Skip to main content

Папата повика на прекин на огнот во Украина

Фрипик

Папата Лав Шеснаесетти денеска го повтори својот повик за ставање крај на војната во Украина.

Цврсто го повторувам мојот итен апел за итен прекин на огнот и сериозна посветеност на дијалог, рече папата за време на молитвата Ангелус на плоштадот Свети Петар.

За жал, војната во Украина продолжува да сее смрт и уништување. Дури и во последниве денови, бомбардирањата погодија неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Киев, предизвикувајќи бројни жртви, истакна поглаварот на Католичката црква.

Сега е време одговорните да се откажат од логиката на оружјето и да тргнат по патот на преговорите и мирот, со поддршка на меѓународната заедница, рече тој.

Гласот на оружјето мора да замолчи, додека гласот на братството и правдата мора да се подигне, истакна папата.

Повеќе од 20 луѓе загинаа во Киев во четвртокот во најтешкиот руски воздушен напад од јули.

Лав Шеснаесетти, првиот американски папа, исто така се осврна на неодамнешното пукање во училиште во Минесота, во кое загинаа две деца.

Да го молиме Бога да ја запре пандемијата на оружје, големо и мало, која го инфицира нашиот свет, рече папата, кој е роден во Чикаго.

Поврзани вести