Skip to main content

Падна француската влада – премиерот Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец

jorono from Pixabay

Францускиот премиер Себастијан Лекорну и неговата влада денес поднесоа оставка, само неколку часа откако шефот на владата ги именуваше членовите на својот кабинет, соопшти кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон ја прифати оставката, се додава во соопштението.

Елисејската палата го објави ова откако Лекорну утрово се сретна со претседателот Емануел Макрон, на средба што траеше еден час. Неочекуваниот потег доаѓа само 26 дена откако Лекорну беше назначен за премиер по падот на претходната влада на Франсоа Бајру.

Неколку партии во Националното собрание жестоко го критикуваа составот на кабинетот на Лекорну, кој во голема мера беше непроменет од оној на Бајру, и се заканија дека ќе гласаат против него

Поврзани вести