Повеќе од две децении откако го освои златниот олимписки медал, Алина Кабаева останува една од најпознатите руски гимнастичари. Меѓутоа, откако таа се повлече од спортот, нејзината слава помалку се припишува на нејзините спортски достигнувања, а повеќе на нејзината наводна врска со Владимир Путин.
Таа сега е најмоќната и најбогатата жена во Русија, која според неодамна откриените информации, безмилосно уништува секој што ќе и се најде на патот.
Во 2007 година, Кабаева стана заменик на руската Дума. Седум години подоцна, таа беше назначена за претседателка на одборот на директори на Националната медиумска групација, која ги надгледуваше операциите на Нетфликс во Русија до почетокот на инвазијата на Украина. И покрај овие јавни функции, Кабаева во голема мера го избегнуваше публицитетот откако се повлече од спортот.