Skip to main content

Остатоци од соборен дрон предизвикаа експлозија во трговски центар во Русија

Експлозијата во трговскиот центар во рускиот град Владикавказ, во која најмалку едно лице загина, била предизвикана од остатоци од украински беспилотно летало што го собориле руските сили за воздушна одбрана, изјави гувернерот на Северна Осетија, Сергеј Мењаило. .

Во објава на Телеграм, тој рече дека руските системи за противвоздушна одбрана го собориле ова беспилотно летало околу 8:30 часот по локално време, а руското Министерство за одбрана објави дека уништиле 119 украински беспилотни летала во последните 24 часа, пренесува Ројтерс.

Руски Интерфакс претходно објави дека најмалку едно лице загинало, а седум се повредени во експлозија на гас во трговскиот центар.

Експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање и предизвикала голем пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на зградата.

Поврзани вести