
Русија повторно го користела интерконтиненталниот балистичка ракетен систем „Орешник“ со кој била погодена гасна инфраструктура во украинскиот регион Лвов, се наведува во извештаите од Украина.
Украинските канали, тврдат дека балистичката ракета – за кои се тврди дека е „Орешник“ – поминала околу 1.500 – 1.800 км за 10-15 минути пред да го погодат Лвовскиот регион. Извори од Украина пријавиле најмалку 5-6 експлозии во Лвов.
„Орешник“ е суперсоничен ракетен систем со повеќе боеви глави на еден носач. Доколку, навистина бил употребен „Орешник“ во Лвов, тоаби била втора употреба на овој ракетен систем, откако еднаш беше употребен з удар во Дњепропетровск.
Извештаите за удар на „Орешник“ на гасната инфраструктура, поточно на големото сјкладиште за гас во Стирј, ги потврдуваат и информациите дека по експлозиите, притисокот на гас во регионот нагло се намалил. Истовремено, на небото над реонот погоден од ракетите, долго време имало силен розев блесок.

Македонски




