Skip to main content

Орбан категорично против заедничко финансирање на Украина: Нема шанси предлогот да помине

По пристигнувањето на самитот на Европската Унија, унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно го изнесе својот тврд став: Унгарија нема да поддржи финансирање на Украина преку заедничкиот кредит на ЕУ.

Сметам дека ова прашање е мртво. Можеби ќе се обидат повторно, но нема шанси предлогот да добие мнозинство. За нас, тоа е надвор од дневниот ред“, изјави Орбан, додавајќи дека целата дебата треба да започне одново и да се преиспитаат идните чекори.

Премиерот потсети дека унгарскиот Устав јасно ги ограничува овластувањата на Владата: позајмувањето на пари што создаваат обврска за државата е можно само со одобрение од парламентот.

Јас немам такво овластување и не верувам дека кој било премиер некогаш ќе добие зелено светло од парламентот да ја задолжи Унгарија. Затоа, за Унгарија, патот на финансирање на Украина од заеднички кредит е апсолутно невозможен“, нагласи Орбан.

Во исто време, тој ја потенцираше својата цел на самитот.

Ние сме тука за чекори кон мир, а не кон војна“, истакна Орбан.

Европската Унија, од своја страна, планира да искористи 210 милијарди евра од замрзнат руски имот како основа за заем за Украина. Без ваква финансиска помош, Украина би можела да остане без средства веќе во вториот квартал од следната година, што би ја ставило во сериозна опасност во конфликтот со Русија – сценарио кое предизвикува загриженост во ЕУ.

Поврзани вести