Skip to main content

Од почетокот на примирјето во Газа убиени повеќе од 100 деца

Агенцијата на ОН за деца – УНИЦЕФ денеска објави дека повеќе од 100 деца се убиени во Газа од почетокот на прекинот на огнот во октомври.

„Повеќе од 100 деца се убиени во Газа од почетокот на прекинот на огнот на почетокот на октомври“, изјави портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, на онлајн-брифинг на ОН од Газа.

„Преживувањето останува условно и покрај фактот дека бомбардирањата и пукањата се намалија за време на прекинот на огнот – тие не престанаа“, додаде тој.

Елдер рече дека речиси сите деца, 60 момчиња и 40 девојчиња, загинале како резултат на воени напади, вклучувајќи воздушни напади, напади со беспилотни летала, гранатирање со тенкови, пукање и квадрокоптери, а неколку од експлодирање воени остатоци.

Тој додаде дека бројот на убиени деца веројатно е потценет бидејќи се базира само на смртни случаи за кои има доволно информации.

Поврзани вести