Skip to main content

ОАЕ размислуваат за воена акција поради иранските воздушни напади

Фрипик

Обединетите Арапски Емирати размислуваат за воена акција за запирање на иранските воздушни напади, потврдија два неименувани извори запознаени со ова прашање.

ОАЕ размислуваат за преземање активни одбранбени мерки против Иран. Иако не сме на никаков начин вклучени во војната, 800 ракети се лансирани кон нашата земја“, изјави неименуваниот извор за порталот Аксиос.

Анвар Гаргаш, советник за надворешна политика на претседателот на ОАЕ, објави на својот „X“ профил дека нападите на Иран врз земјите од Персискиот Залив се „резултат на погрешна пресметка што го изолираше Иран во критичен момент“.

Вие не сте во војна со вашите соседи. Оваа ескалација само го зајакнува наративот дека Иран е примарен извор на опасност во регионот и дека неговата ракетна програма е постојан извор на нестабилност“, рече Гаргаш.

Министерството за одбрана на ОАЕ денес објави дека Иран лансирал 186 балистички ракети кон ОАЕ, од кои 172 биле пресретнати, 13 паднале во морето, а една паднала на територијата на ОАЕ.

Дополнителни 812 дронови беа откриени, од кои 755 беа пресретнати, а 57 погодија цели во ОАЕ.

Три странски државјани беа убиени, а околу 70 беа повредени. ОАЕ го задржува целосното право да одговори на оваа ескалација и да преземе сите потребни мерки за заштита на својата територија, граѓаните и жителите“, соопшти Министерството за одбрана на ОАЕ.

Поврзани вести