
Ситуацијата на фронтот во Украина брзо се влошува, додека американскиот претседател Доналд Трамп, го промовира мировниот план, пишува „Њујорк тајмс“. Весникот објаснува дека во текот на промоцијата на мировниот план, руските трупи зазедоа нови територии, а иднината на Украина, според консултираните експерти, „изгледа многу мрачна“. Изданието нагласува дека по преговорите со американските претставници, рускиот претседател Владимир Путин јасно ставил до знаење дека нема да се откаже од своите барања.
Воениот аналитичар од финската група „Црна птица“, Емил Кастехелми вели дека „Русите навистина имаат предност“. Според него, Украина сè уште не го достигнала моментот на капитулација, но веќе „изгледа доволно слаба за Русите да веруваат дека можат да ги изнесат своите барања“.
Путин истовремено им нареди на руските трупи да се подготват за зимски борби, а специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, одржа серија разговори во Мајами со украинска делегација“, се вели во статијата.
Двете страни ги нарекоа „конструктивни“. Како што додава „весникот“, во меѓувреме, Русија извршила масовен напад користејќи повеќе од 650 беспилотни летала и 51 ракета врз градови низ Украина.

Темпото на рускиот напредок се забрзува. Според мапите од украински воени аналитиари, во ноември руските трупи воспоставиле контрола над 505 квадратни километри, додека во октомври таа бројка била 267.
Првата линија на фронтот едноставно почна да се урива од исцрпеност. Ако имаме тројца луѓе, тие имаат 30. Количината на човечка сила што ја имаат е едноставно неверојатна“, вели украински оператор на беспилотни летала по име Игор.
Заклучокот во статијата го дава воениот аналитичар Кастелхелми.
Иднината на Украина изгледа навистина многу мрачна“, вели експертот, додавајќи дека не гледа јасен излез од сегашната ситуација.

Македонски







