
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ објави времеплов на случувањата коишто доведоа до влегување на САД во војна против Иран.
Како што пишува изданието, пред да почне конфликтот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговарал приватно со американскиот претседател Доналд Трамп во Собата за кризи во Белата куќа.
Нетанјаху презентирал амбициозен план – брз и решителен напад врз Иран, уништување на неговите ракетни капацитети, избегнување на одмазда, па дури и потенцијално иницирање на промена на режимот.
На Трамп веднаш му се допаднала идејата.
Ми звучи добро“, искоментирал американскиот претседател.

Сепак, на предложениот план, американските разузнавачки агенции реагирале претпазливо:
* Воените напади – изводливи
* Промена на режимот – „фарса“ (проценка на ЦИА)
Советниците предупредиле дека Израел претерува, но Трамп ги отфрлил тие загрижености.
Промена на режимот… тоа е нивен проблем“, одговорил Трамп.
Американскиот претседател се фокусирал на елиминирање на раководството и слабеење на иранската војска, верувајќи дека исходот ќе биде брз и решителен.
Трамп побарал мислење од сите свои најблиски советници, коишто му одговориле со својот став за нападите врз Иран:
* Џеј Ди Венс: „Лоша идеја, но ќе ве поддржам“
* Марко Рубио: Поддршка само ако целта е воена, а не промена на режимот
* Војската: Навеле потенцијални ризици, но не се спротивставиле
* Правен тим: Оцениле дека акцијата е дозволена
* Политички тим: Предупредиле за негативни реакции, но не инсистирале
Никој решително не ја блокирал одлуката.
На тојн начин, Трамп ја издал наредбата за подготвка и изведување на нападите врз Иран.
Извор: „Њујорк тајмс“

Македонски


