Skip to main content

Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“

Новите власти во Сирија соопштија дека ќе ги „замрзнат Уставот и Парламентот“ за време на тримесечен преоден период, по соборувањето на долгогодишниот претсдател Башар ал Асад.

Портпаролот за политички прашања на новата сириска влада, Обаида Арнаут, за АФП изјави дека ќе биде формиран комитет за правда и човекови права кој ќе го проучува Уставот и ќе направи промени.

Сегашниот устав на Сирија датира од 2012 година и во него не се наведува експлицитно дека исламот е државна религија.

Бунтовниците предводени од радикалните исламисти, кои ја презедоа власта во Сирија во неделата, го назначија Мохамед ал Башир за шеф на преодната влада, кој ќе биде на функција до 1 март 2025 година. Досега Башир ја предводеше „владата на спасот“ во упориштето на бунтовниците Идлиб, во северозападна Сирија.

Портпаролот Арнаут изјави дека во вторникот се одржала средба меѓу членовите на „владата на спасот“ и поранешните министри на владата на Асад, во врска со трансферот на власта.

Наш приоритет е да ги спасиме институциите и да ги заштитиме, рече Арнаут.

По 11-дневната офанзива, коалицијата на бунтовнички групи, предводени од радикалните исламисти од групата Хајат Тахрир ал-Шам, во неделата го соборија Асад, кој побегна во Русија со своето семејство.

Арнаут рече дека новите власти сакаат да воспостават „правна држава“ по повеќе од половина век владеење на семејството Асад.

Тој додаде дека „на сите оние кои извршиле злосторства против сирискиот народ ќе им се суди во согласност со законите“.

На прашање за верските и личните слободи, тој рече дека новите власти „ја почитуваат верската и културната различност во Сирија, која ќе остане таква каква што е“.

Во земјата, каде мнозинството се сунитски муслимани, Асад, припадник на алавитското малцинство, се постави како заштитник на малцинствата кои стравуваа дека ќе бидат цел на новите власти.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibom