Skip to main content

Новиот сириски лидер Ал Шара смета дека христијаните се суштински дел од сириското општество

Новиот сириски лидер Ахмед Хусеин ал Шара за време на средбата со викарот на Кустодијата на Светата земја Ибрахим Фалтас во Дамаск, го изрази своето воодушевување од папата Франциск, нагласувајќи дека ги смета христијаните за суштински дел од сириското општество, објави денеска ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“.

Фалтас објави дека Ал Шара му рекол дека сириските христијани не ги смета за малцинство, туку „составен и важен дел од историјата на сирискиот народ“.

Новиот сириски лидер изрази и големо восхитување и почит кон папата Франциск, истакнувајќи дека ги почитува неговите напори и активности во насока на постигнување мир и помагање на луѓето кои имаат потреба, пренесе италијанската новинска агенцијаа АНСА. 

Поврзани вести