
Норвешка ќе ја зголеми својата помош за Украина за 50 милијарди норвешки круни (4,2 милијарди евра) во 2025 година за да достигне 85 милијарди круни помош (7,2 милијарди евра), изјави денеска премиерот Јонас Гар Стoре.
Норвешката поддршка ќе и помогне на Украина да се спротивстави на Русија и (да го зајакне) мировниот план на кој работат европските земји. Војната за агресија на Русија против Украина е во полн ек и Русија силно се вооружува, рече норвешкиот премиер.
Одлуката доаѓа во време на специјалниот самит на лидерите на Европската унија за зајакнување на европската одбрана.
Норвешката влада нагласи дека „ги здружува силите со Европа за да ја зајакне својата поддршка за Украина“.
Се соочуваме со најсериозната безбедносна ситуација за Норвешка од Втората светска војна. Ова е силен норвешки придонес за мирот и стабилноста во Украина и Европа, рече Стoре.