
Израел побарал појаснување од Белата куќа откако американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа „Truth Social“ изјави дека на Израел му е „забрането“ да спроведува понатамошни воздушни напади во Либан, изјава што Тел Авив ја смета за спротивна на условите на прекинот на огнот, кои му дозволуваат на Израел да одговори на „закани“, објавува „Аксиос“.

Според изданието, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговите советници билешокирани и дознале за коментарот преку медиумите, што ги натерало официјалните лица, вклучувајќи го и амбасадорот Јехиел Лајтер, итно да побараат појаснување и да утврдат дали политиката на САД кон регионот се променила.
Оттаму добиле одговор дека ставот на САД бил јасен, а политиката не се променила.

Македонски


