Skip to main content

Мицкоски: Интерпелацијата против Трипуновски е неоснована

Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека интерпелацијата против министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски е неоснована.

Апсолутно сметам дека интерпелацијата е неоснована, имајќи ги предвид наводите што се таму изнесени, имајќи ги предвид политиките коишто ги воделе СДСМ кон земјоделците изминатите години, имајќи ги предвид долговите што ги оставиле, неисплатените субвенции, неисплатените плати во националните шуми, во АД Водостопанство, во основните суштински претпријатија, коишто се дел од Министерството за земјоделство, тие имаат најмалку право да зборуваат за каква било интерпелација или оставка. Но, во демократијата има и такви инструменти. Убеден сум дека министерот за земјоделство ќе ги презентира своите аргументи преку една конструктивна собраниска дебата иако мојот став е дека оваа интерпелација е беспредметна“, кажа Мицкоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата во врска со кривичната пријава од опозициската СДСМ истакна дека тој не сака да ја коментира и оти остава надлежните орган

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земоделство, Љупчо Николовски вчера на прес-конференција изјави дека пратеничката група на партијата се потпишале на интерпелацијата за работата на министерот Трипуновски.

Покрај барањата на синдикатите, здруженијата и економско-социјалните партнери, кои јасно и гласно бараат оставка, денеска ова е и наша граѓанска обврска и должност како пратеници да иницираме постапка за интерпелација, да се изнесат сите факти и аргументи и да направиме сè овој министер да си замине. Ова е интерпелација поднесена од нашата пратеничка група и тоа за еден од најнеспособните министри – човек кој наместо да ги штити земјоделците, ги понижува, ги осиромашува и им се заканува. Сите тоа јавно и јасно го зборуваат. Интерпелацијата ја поднесуваме поради сериозни, континуирани и веќе процесуирани случаи на системска корупција невидена досега, злоупотреба на службената положба, кршење на законите и обврските на министерот дефинирани во законите, како и сериозно нарушување на функционирањето на Министерството и институциите во ресорот што го води“, истакна вчера Николовски.

Министерот Трипуновски вчера, пак, порача дека интерпелацијата е неиздржана и оти опозицијата покажува дека е безидејна, ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и се соочува со внатрешни проблеми. 

Тој за време на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која вчера продолжи во општина Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација рече дека некој се обидува преку нарушување на угледот на министерот за земјоделство да гради личен рејтинг и да создаде привид на активност.

Имаме доволно аргументи со кои ќе се соочиме и ќе покажеме што е сработено во изминатите две години, за разлика од нивните седум години“, додаде Трипуновски. 

Поврзани вести