Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, нема да присуствува на одбележувањето на годишнината од ослободувањето на ологласениот нацистички концентрационен логор Аушвиц.
Причината за таквата одлука на Нетанјаху е налогот за пасење што против него го издаде Меѓународниот кривичен суд поради дејствувањето на израелските воени сили во Газа, а Полска, емјата каде што се наоѓа Аушвиц, најави дека е обврзана да ги почитува одлуките на Судот. Тоа значи дек Нетанјаху ќе биде уапсен и испорачан во Хаг доколку стане на полско тло.
Израелскиот премиер Нетанјаху ќе биде уапсен доколку дојде во Полска на настан посветен на 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц“, изјави заменик министерот за надворешни работи Владислав Бартошевски.
Тој истакна дека полските власти ќе дејствуваат во согласност со обврските на земјата кон МКС.

Македонски








