
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување, кратко откако палестинската амбасада во Египет соопшти дека преминот ќе се отвори в понеделник.
Отворањето на преминот ќе биде разгледано во зависност од тоа како Хамас ќе го исполни својот дел од договорот – враќањето на телата на мртвите заложници и спроведувањето на договорената рамка“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху.