Skip to main content

Нетанјаху: Израел не е протекторат на САД

Фото: Facebook/Benjamin Netanyahu

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред средбата со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека Израел не е протекторат на САД.

– Ние не сме протекторат на САД. Израел е тој што одлучува за својата безбедност, наведе Нетанјаху.

Претходно, Венс изјави дека разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа ќе бидат „многу тешки задачи“.

– Пред нас е многу, многу тешка задача, да го разоружаме Хамас и да ја обновиме Газа, да го направиме подобар животот на народот во Газа, но и да се осигуриме дека Хамас нема повеќе да биде закана за нашите пријатели во Израел, посочи Венс.

Тој пред средбата со Нетанјаху изјави дека разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа ќе бидат „многу тешки задачи“.

– Пред нас е многу, многу тешка задача, да го разоружаме Хамас и да ја обновиме Газа, да го направиме подобар животот на народот во Газа, но и да се осигураме дека Хамас нема повеќе да биде закана за нашите пријатели во Израел, посочи Венс

Американскиот потпретседател предвидено е и да се сретне со претседателот на Израел, Исак Херцог.

Ванс вчера по пристигнувањето во Израел изјави дека се разгледува кои земји ви учествувале во меѓународната мисија распоредена во Појасот Газа. Тој наведе дека се очекува Турција и Индонезија да учествуваат, како и Велика Британија да испрати помал контингент за да помогне во следењето на договорот за прекин на огнот.

Поврзани вести