Skip to main content

Нетанјаху: Израел ќе продолжи да го притиска Иран, им ги кршиме коските

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Иран.

Тој рече дека целта е да „му се помогне на иранскиот народ да се ослободи од оковите на тиранијата“, но додаде дека „на крајот на краиштата, тоа зависи од нив“, пренесува Нова.рс.

„Но, нема сомнение дека она што го направивме досега им ги скрши коските“, рече Нетанјаху за време на состанокот со раководителите на израелските болници и здравствен систем.

Нападите продолжуваат

Во вторник, една од ракетите лансирани од Иран беше пресретната, додека друга падна во морето во близина на Тел Авив. Израелската војска предупреди дека наскоро планира напади врз градовите Тир и Сидон во јужниот дел на Либан, познати и како Сур и Саида.

Портпаролот на војската, исто така, рече дека израелските сили ќе нападнат цели на Хезболах „во блиска иднина“ и им кажа на жителите да се оддалечат „најмалку 300 метри“ од назначените области.

Поврзани вести