Skip to main content

Неговиот поранешен советник: Трамп „ќе ја трампа“ Украина за Нобелова награда за мир

Facebook/Donald J. Trump
Facebook/Donald J. Trump

Поранешниот советник за национална безбедност во претходниот мндат на американскиот претседател, Доналд Трамп, Џон Болтон, во интервју за „Ел Паис“ изјави дека Трамп ќе „ја замени Украина“ за Нобеловата награда за мир.

Трамп веројатно ќе се префрли на друго глобално жариште каде што може да постигне брзи и драматични резултати. Сè што Трамп сака е Нобелова награда за мир. Тој ја сака уште од моментот кога му беше доделена на Барак Обама, според него неправедно. Дали ќе ја добие наградата за Украина, за Блискиот Исток или за посредување меѓу Индија и Пакистан, не е важно“, вели Болтон.

Тој, исто така, истакна дека американскиот лидер сега не е заинтересиран за политика, туку само за својот траг во историјата. Според поранешниот советник, Трамп не размислува за последиците бидејќи нема намера да се кандидира за трет мандат.

Поврзани вести