Skip to main content

Не престанува да тресе: Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер го погоди Мјанмар

Printskrin

Уште еден силен земјотрес утрово е регистриран во Мјанмар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.

Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала бил на 39 километри од Мандалеј на длабочина од десет километри.

Мјанмар завчера околу пладне беше погоден од земјотрес со јачина од 7,7 степени по Рихтер, проследен со бројни последователни потреси, меѓу кои и еден со јачина од 6,4 степени.

Според податоците објавени од воената хунта во Мјанмар, вкупниот број на жртви од земјотресот изнесува 1.644, повредени се 3.408, а 30 лица се водат како исчезнати.

Најмалку 18 лица загинаа во соседен Тајланд.

Поврзани вести