Skip to main content

НАТО ја започнува операцијата „Источен стражар“ за заштита на источниот фронт

Freepik

Како одговор на нарушувањето на воздушниот простор на земјите членки на НАТО, Алијансата одлучи да ја започне операцијата „Источен стражар“ за заштита на своето источно крило, соопшти попладнево генералниот секретар на Пактот, Марк Руте.

Активностите ќе започнат во наредните денови и ќе вклучуваат низа мерки, изјави Руте на заедничката прес-конференција во седиштето на НАТО со врховниот командант на сојузничките сили во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич.

Како што најави Руте во операцијата ќе учествуваат засега ќе учествуваат Велика Британија, Германија, Данска и Франција.

Ќе ја браниме секоја педа од територијата на Алијансата, нагласи Руте.

Поврзани вести